ФОТО: Јелена Ѓоковиќ ги разнежни фановите – „Браво, љубов моја!“

По шестиот освоен „Австралиан опен“ и неколку недели разделеност, Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот тенисер на светот, сподели емотивна честитка на својот Инстаграм профил.

-По три недели раздвоеност, за два дена повторно ќе бидеме заедно. Се навикнавме да бидеме одделени и не ни е тешко кога мораме да се разделиме, бидејќи двајцата сме прилично зафатени и независни. Деновите брзо поминуваат, а двајцата сме сконцентрирани на она што го работиме и се ни оди од рака сите овие денови. Но, кога треба да се врати дома и ќе влезе во авион, тие неколку часа траат цела вечност. Браво љубов моја…Мојот страствен и племенит шампион. Мојот победник на „Австралиан опен“ по шести пат, напишала сопругата на Новак како коментар на фотографијата.