Секс

Знаци дека тој не сака сериозна врска

Знаци дека тој не сака сериозна врска
Знаци дека тој не сака сериозна врска

Постојат знаци кои говорат дека тој не е вистинскиот за сериозна врска. Ако забележите некои од нив, тогаш немојте да се двоумите, туку размислете како веднаш да му кажате „збогум“, освен ако и вие не сакате врска без обврски.

Се јавува само кога тој сака

Кога му треба нешто или кога бара нешто од вас. Знаете на што мислиме. Но, кога го барате за да излезете, да одите во кино или за да се прошетате, тој никогаш нема време.

Тој е големо дете (бега од проблеми)

Како да препознаете? Штом ќе се појави некој проблем, тој бега и секако, би сакал никогаш повеќе да не мора да разговарате за тоа.

Не сака да ги запознае вашите најблиски пријатели

Тој не сака да се запознае дури ниту со вашата најдобра другарка, за кога често му говорите. И тоа, не затоа што му е непријатно, туку затоа што не планира долго да се задржи со вас.

Никој од неговите пријатели незнае за вас

За било каква објава на социјалните мрежи, врзана за вашето постоење, можете само да сонувате.

Никогаш не разговарате за иднината

Иако се гледате веќе некое време, веројатно би сакале да знаете во која насока оди тоа. Но, тој не го дели истото мислење, затоа што нему му е сосема добро и вака.