четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 51

Ќе се гради обиколница за тешки товарни возила во Гевгелија

За остварување на целта ќе продолжат да го пробиваат Западниот булевар кој претставува клучна алка за изградба на заобиколница на градот како дефинитивно решение за отстранување на тешките товарни возила од градските улици.

Ќе се гради обиколница за тешки товарни возила во Гевгелија

Ќе се гради обиколница за тешки товарни возила во Гевгелија

Последни вести

Општина Гевгелија покрај редовното одржување на патната инфраструктура, презема мерки во најскоро време да ги отстрани тешките товарни возила од урбаната средина со нивно насочување по периферни патишта, информираа денеска од одделението за урбанизам.

Надлежните велат дека за остварување на целта ќе продолжат да го пробиваат Западниот булевар кој претставува клучна алка за изградба на заобиколница на градот како дефинитивно решение за отстранување на тешките товарни возила од градските улици.

– Првиот дел од булеварот, во должина од 462 метри, пред две години го изградивме, урбано го дотеравме и уредивме кружен тек,меѓутоа за негово пробивање кон „Динќут“, неопходно е да ги изградиме преостанатите 1.232 метри, појаснуваат надлежните кои потврдија дека во тек е израбтоката на проектната документација за овој зафат,чија што реализација понатаму ќе создаде услови заобиколницата да продолжи јужно покрај Сува река.

Најчитани вести