Ременски повторно кочи проекти на МТСП

Уште еден проект на министерството за труд и социјална политика е оневозможен од техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски од СДСМ.

Проектот „Се грижиме за топол дом” веќе две ипол години им помага на семејствата во социјален ризик во задоволување на нивните потреби за покуќнина во соработка со Црвениот Крст, градот Скопје,општините и Центрите за социјална работа. Проектот „Се грижиме за топол дом” ја поттикнува хуманоста и општествената одговорност кај граѓаните потготвени да донираат. Овој проект  е широко прифатен во општеството, подржан од компании, јавни личности, граѓански здруженија и преку него се реализирани 1800 донации за социјално ранливи и загрозени категории на граѓани, пишува „Курир“.

Техничката министерка од неразбирливи причини ги попречи лицата во социјален ризик кои имаа потреба од донација како и граѓаните кои сакаа да донираат. До сега тоа можеа  да го пријават на посебен бесплатен телефонски број, имејл адреса, или да се обратат  лично во просториите на месно надлежниот Центар за социјална работа.

Министерството за труд и социјална политика преку ангажирана компанија за достава го организираше бесплатно подигањето на покуќнината од домот на донаторот и пренесувањето до домот на лицето, семејство во социјален ризик кое има потреба од донација. За оваа цел министерството имало склучено договор со фирма за транспорт со важење до 29.12.2015 година.

Тоа значи дека Министерството за труд и социјална политика од крајот на 2015 година односно веќен 33 дена нема договор со компанија за превоз на покуќнина, односно проектот е закончен бидејќи МТСП не може да организира превоз на покуќнината и практично нема одговор кога ќе продолжи реализацијата на проектот. Повеќе од еден месец огромен број на граѓани не можат да ги користат бенефитите од овој благороден проект затоа што техничката министерка нема склучено договор со фирма за превоз како и за сите други проекти за кои досега медиумите известуваа.

Останува нејасно зошто е потребата да се попречи еден ваков добродетелен проект од кој корист имаат сите граѓани и истиот наиде на голема подршка во јавноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.