Издадени нови две потврди на мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатото деноноќие издало потврди за остварување на правото на барање азил на двајца мигранти од Авганистан, од кои еден маж и една жена.

 

Од почетокот на годината издадени се потврди на вкупно 53.436 мигранти, од кои 22.128 се од машки пол, 11.527 се од женски и 19.679 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 26.490, Авганистан 16.896и Ирак 10.047.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 31.01.2016 година, до Секторот за азил  не се поднесени барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 31.01.2016 година, до Секторот  за азил поднесени се шест барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на  шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и две од Сирија

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 31.01.2016 година евидентирани се вкупно 22  баратели на азил од кои 13 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.