Изгаснат пожарот во Бардовци

Изгаснат пожарот кој утрово избувна во скопско Бардовци.

На улица „2“ број 44 во село Бардовци утрово гореше кровна конструкција од куќа.

Екипите на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје со пет возила односно 15 пожарникари го локализираат пожарот.

Командантот Благоја Менковски од Територијалната противпожарна единица на Градот Скопје за МИА изјави дека нема повредени лица, опожарено е поткровје, кат или вкупно 100 метри квадратни вкупна површина, а зафатен е покривот и од соседната куќа или 20 метри квадратни и котелот за парно греење.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.