недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 18

Груевски најави нова инвестиција од 10 милиони евра

Денеска свечено ќе се отвори втората фабрика на Италијанската компанија Технокозе во ТИРЗ Скопје 1. Со инвестицијата ќе се отворат нови 100 работни места.

груевски

Поврзани вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денс ќе присуствува на отворање на втората фабрика на италијанската компанија Технокозе.

Тој го најави настанот на својот Фејсбук профил .

„Нова добра вест за Македонија! Нова инвестиција и нови работни места! Денеска свечено ќе се отвори втората фабрика на Италијанската компанија Технокозе во ТИРЗ Скопје 1, инвестиција вредна дополнителни 10 милиони евра. Со инвестицијата ќе се отворат дополнителни 100 работни места. Новоизградениот објект е со површина од 12.000 м2 и ќе овозможи компанијата за три пати да го зголеми капацитетот на своето производство, односно од сегашните 5 милиони евра да произведува и извезува производи во вредност од 15 милиони евра. Компанијата има за цел да реализира и трета фаза од својот проект, односно инвестиција од дополнителни 15 милиони евра и нови 150 вработувања.
Технокозе е инаку втора компанија, после Џонсон Мети, која својата најава за проширување и изградба на втора фабрика во Македонија веќе ја реализира. Со најавените изградби на втори фабрики и на компаниите Ван Хул и Џонсон Контролс се потврдува се почесто дека компаниите се задоволни од водењето бизнис во Република Македонија поради сто одлучуваат да реинвестираат кај нас.
Политиките на Владата за подобрување на бизнис климата даваат резултати.
Нека е аирлија!“

ngruevski-fbstatus

Најчитани вести