Јанева образложи зошто исклучила две обвинителки

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска пред Советот на јавните обвинители даде изјава во врска со отстранувањето на двете обвинителки од тимот.

Таа додаде дека останува на Советот да донесе одлука по тоа прашање.

– Пред членовите на Комисијата на Советот за јавни обвинители кажав како сум постапила во врска со тоа, рече Јанева и додаде дека Советот врз основа на нејзината изјава и на изјавите на двете обвинителки ќе донесе одлука, пренесува МИА.

Претседателот на Комисијата Сашо Василевски потврди дека се земени изјави од обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска, како и од специјалната обвинителка Катица Јанева. Тој додаде дека изјавите ќе ги приложат на Советот на јавни обвинители кој на првата наредна седница треба да донесе одлука.

Јанева минатата недела ги отстрани двете обвинителки од својот тим со образложение дека е намален обемот на работа во СЈО.