Чавков: За Спасовски поважно е исполнувањето на желбите на Заев отколку безбедноста на граѓаните

нивото на квалитет кое беше високо кренато, вели Митко Чавков, дополнителен заменик министер во МВР, во интервјуто за Прес 24.

ПРЕС24: Уравниот суд донесе одлука со која беа ставени вон сила одлуките за смени и унапрдување функционери што ги донесе технички поставениот министер Оливер Спасовски. Пред извесно време имаше слична одлука и за Министерството за труд и социјална политика. Како ги оценувате овие одлуки на Управниот суд и дали можат да се очекуваат нови слични постапки на техничките министри?

ЧАВКОВ: Политичкиот договор од Пржино мора да се реализира, но никако спротивно на Уставот и законите во Република Македонија и никако на штета на професионалците кои долги години работат во институциите. Крајно незаконски, насилнички и политикантски, без никаква причина, техничкиот министер Оливер Спасовски одлучи да прави чистка во Министерството за внатрешни работи. Партиската наредба ја реализираше на ден пред Нова Година мислејќи дека ќе помине незабележано. Како во време на најцрниот комунизам се еден потпис реши да смени професионалци во министерството кои минале десетици обуки и во земјава и надвор од неа и во чија едукација е инвестирано не само од страна на државата, туку и од нашите партнери од надвор. Со тоа Оливер Спасовски директно ги загрози капацитетите на МВР и покажа дека наредбите од неговата партија му се поважни отколку безбедноста на граѓаните.

Неговиот ментор Љубомир Фрчковски две недели пред доаѓањето на Оливер Спасовски најави дека техничкиот министер од СДСМ треба на клоци да ги избрка сите раководители, без да го интересира законскиот основ, па после тие да тужеле со години. Истото го изјави и неговиот лидер порачувајќи дека живи луѓе ќе јаделе и дека ќе исчистеле се, почнувајќи од чистачка па до директор. Ова не е договорот од Пржино. Ова е незаконска злоупотреба на договорот и ја покажува намерата на СДСМ за пресметка со

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.