Србија нема да се приклучи кон санкциите за Русија

Србија нема намера да се приклучи кон санкциите за Русија и се надева дека тие ќе бидат укинати што е можно побрзо, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Во Собранието на Србија тој рече дека санкциите не се начин за решавање на политички проблеми.

– Во интерес е да бидеме членка на ЕУ, но и сакаме да водиме сметка за нашите интереси. Не можете во исто време да барате од некои држави да не поддржуваат во нашата борба во Унеско, а да се придржуваме до санкции за Русија, нагласи Дачиќ на расправа за закон за меѓународни мерки за ограничување.

Дачиќ појасни дека законодавецот е со став дека не може да се спроведуваат обврски што произлегуваат од членство во организации во кои државата не е членка.

– Кога станува збор за ЕУ ние не сме членка и сами определуваме што ќе правиме, а што ќе применуваме. Во ОН воопшто не е битно дали сте гласале за или против, одлуката мора да ја применувате, објасни шефот на српската дипломатија.