СЗО прогласи вонредна ситуација поради вирусот Зика

Светската здравствена организација денеска прогласи вонредна ситуација поради брзото ширење на вирусот Зика, што го пренесуваат комарци.

По кризниот состанок на СЗО, тие соопштиле дека вирусот Зика претставува опасност за јавното здравје во светот и поради тоа е неопходен итен и единствен одговор.

СЗО вирусот Зика го стави во иста категорија, по однос на меѓународна загриженост, како и еболата.

Инаку на состанокот присуствувале 12 независни членови на комисија во која се експерти од областа на епидемиологија, јавно здравје и заразни болести од Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Африка.

Последен пат СЗО прогласи глобална вонредна состојба во 2014 година поради епидемијата на ебола. СЗО минатата недела соопшти дека вирусок зика „експлозивно се шири“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.