понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 51

Адел се огради од Доналд Трамп

adel

Поврзани вести

Британската поп ѕвезда Адел објави соопштение со кое сака да се огради од претендентот за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, откако тој ги користеше нејзините песни на митинзите.

На неодамнешните митинзи на Трамп, е пуштан хитот на пејачката „Rolling In The Deep”, наведува Би-Би-Си.

– Адел не даде дозвола дека нејзината музика  може да се користи на која било политичка кампања, потврди потпаролот на ѕвездата.

Ова не е првпат пејачите да се оградуваат од Трамп, бидејќи користел нивни песни на митинзите.

Минатата година истото го направи и Стивен Тајлер, фронтменот на групата „Аеросмит“.

Најчитани вести