Во тепачка повреден македонски ракометен репрезентативец

Mакедонскиот ракометен репрезентативец, Стојанче Стоиов е повреден во масовна тепачка која вчера доцна вечерта се случила пред млечниот ресторан „Силбо“ на булеварот Партизански одреди спроти Универзалната сала во центарот на Скопје. Овие информации ги потврдија од полицијата, без повеќе детали за настанот.

Медиумите шпекулираат дека Стоилов се здобил со исеченица на раката.

Според порталот „Прес 24“, инцидентот се случил меѓу една група составена од двајца македонски репрезентативци и нивните пријатели и уште една поголема група.