ТОП,Македонија

ТВ Нова: СДСМ го поддржа методот на ДИК за прочистување на избирачкиот список

ТВ Нова: СДСМ го поддржа методот на ДИК за прочистување на избирачкиот список

Најнова информација која што ја дознава ТВ Нова е дека СДСМ ја потпиша методологијата за прочистување на ибирачкиот список.

Неофицијално, опозицијата го поддржала методот кој го предложува Државната изборна комисија што значи дека највисокото изборно тело ќе може да стартува со проверка на гласачите.

Според оваа методологија избирачкиот список ќе се ревидира во неколку фази. Постапката почнува со споредба на сегашната состојба на списокот со податоците од последните избори. Во наредната фаза ќе се прави вкрстено споредување на базите на податоци од 10 институции.

Во третата фаза ќе се врши теренска проверка на местата каде што податоците нема да се совпаѓаат. Ќе се користат ресурси на државниот завод за стастистика. Владата веќе одобри дополнителни простории, како и 50 автомобили за теренска проверка. Ќе биде и дополнително ангажиран стручен кадар, кој ќе биде ставен на располагање за потреби на ДИК.