четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 51

Спасов поднесе кривична пријава за несовесно работење против Ременски

Tехничката министерка Ременски незаконско именувала вршител на должност, директор на Заводот за рехабилитација на деца и младинци, лице кое што не ги исполнува условите согласно законот и согласно Статутот на овој завод за што денеска ќе и биде поднесена кривична пријава.

Спасов: Доколку Ременски продолжи со незаконски дејствија ќе сноси кривична одговорност

Спасов: Доколку Ременски продолжи со незаконски дејствија ќе сноси кривична одговорност

Последни вести

Поднесена е кривична пријава за  случајот со незаконското именување за в.д директор на Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Топанско поле разрешница од страна на техничката министерка Фросина Ременски. Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов  поднесе кривична пријава против Фросина Ташевска – Ременски како службено лице кое врши работи од јавен интерес технички министер во Министерство за труд и социјална политика како јавна установа, која очигледно несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности при раководење со министерството, конкретно за овој случај.

Спасов денес одговори на новинарско прашање во однос разрешувањето на директорите на јавни установи. При тоа истакна дека покрај 15 тужби за незаконско работење и незаконско разрешување на 15 директори на институции кои што се покренати пред одредено време против техничката министерка Ременски до Управниот суд кои што се веќе во судска постапка и за кои што од Управниот суд има решенија за времена мерка, при што е поднесена жалба од техничката министерка до Вишиот Управен суд и за кои што ќе се чека на  одлуката од Вишиот Управен суд па понатаму  ќе се превземат одредени конкретни дејствија согласно одлуката на Вишиот Управен суд.

dime-spasov-640x360

Дополнителниот заменик министер, Диме Спасов изјави дека  покренува кривична пријава против техничката министерка Ременски за несовесно работење, односно за незаконско именување на вршител на должност, директор на  Завод за рехабилитација на деца и младинци, лице кое што не ги исполнува условите согласно Законот и согласно Статутот на  овој Завод.

Имено, медиумите претходно информираа дека Љупчо Кец Мицковски истакнат активист на СДСМ од Сопиште познат по скандали во јавноста е назначаен како вршител на должност на Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје на 11.1.2016 спротивно на член 25 од Статутот на установата. Мицковски е дипломиран агроном-инжинер а според Статутот на Заводот за директор на оваа јавна установата се избира лице кое покрај општите услови предвидени во Закон, треба да исполнува и посебни услови, да има високо образование , 7-1 степен стручна подготовка од образовен профил: Дипл. Дефектолог, Дипл. Педагог, Дипл. Психолог, Дипл. Социјален работник или Дипл. Правник.  Условите за назначување на в.д директор се исти со условите за избор на директор.

Со тоа, Фросина Ременски го прекршила Статутот на јавната установа Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и сторила кривично дело кривично дело „Несовесно работење во службата„ од член 353-в ст. 1 од Кривичниот законик на Република Македонија. Исто така со разрешувањето на претходниот директор Анета Стефановска и причинила штета со тоа што била разрешена од директор на Заводот како лице кое ги исполнува условите според законот.

Ременски тврдеше дека

Најчитани вести