сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 17

ФЗОМ: Eлектронско барање за надомест за плата, боледување и породилно отсуство

Со овие електронски услуги овозможуваме највисок степен на транспарентност поради тоа што осигуреникот, или овластеното лице во компанијата ќе може во секое време да го следи статусот на барањето, односно во секое време ќе има информација до каде е со решавањето на неговиот предмет.

ФЗОМ: Eлектронско барање за надомест за плата, боледување и породилно отсуство

ФЗОМ: Eлектронско барање за надомест за плата, боледување и породилно отсуство

Поврзани вести

Две нови електронски услуги промовираше денеска Фондот за здравствено осигурување од кои се очекува бенефит да имаат осигурениците, фирмите и матичпните лекари.

Станува збор за електронско издавање на предлог за комисиско продолжување на боледување (ПСР) и извештајот за спреченост на работа (ИСР), односно електронско поднесување на барање за остварување надомест за плата, право на боледување и породилно отсуство.

– Со првата електронска услуга овозможуваме матичните лекари, користејки го порталот на Фондот, да може да издаваат предлог за комисиско продолжување на боледување (ПСР) и извештај за спреченост на работа (ИСР) за своите пациенти, по електронски пат и на тој начин да ги заменат досегашните хартиени обрасци. Бенефит од оваа електронска услуга ќе имаат осигуреници и матичните лекари затоа што се исфрла хартијата од употреба за оваа намена. Електронски пополнетите барања за предлог за комисиско продолжување на боледување и извештај за спреченост на работа ќе формираат елкетронска база на податоци во Фондот, која ќе им овозможи увид на лекарските комисии во оваа документација. Осигурениците веќе нема потреба да ги носат овие документи во хартиена форма во подрачните служби, туку матичните лекари тоа ќе го прават електронски, беше истакнато на промоцијата на која говореа двајцата директори на ФЗО Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани.

Втората електронска услуга, се додава, е електронското барање за надомест на плата по основ на боледување и породилни отсуства. Со оваа нова електронска услуга, според него, привилегирани се осигурениците и овластените лица од фирмите оти ќе се замени класичното доаѓање во подрачните служби на Фондот. – Останува овластеното лице од компанијата кое поднесува барање за боледување само да ја впише трансакциска сметка на вработениот. Сите останати документи ги имаме во електронската база на податоци на Фондот, истакна директорот на ФЗО.

Според директорите, со овие услуги се затвора кругот на цел процес на електронско работење во делот на боледувања, а бенефит ќе почувствуваат сите граѓани кои имаат потреба од надомест на плата и боледувања, компаниите каде работат овие лица кои електронски ќе поднесуваат барање за нивниот вработен, што беше и барање на самите компании, а и матичните лекари затоа што веќе нема потреба да пополнуваат хартиени обрасци, туку сите податоци стануваат електронски достапни.

– Со овие електронски услуги овозможуваме највисок степен на транспарентност поради тоа што осигуреникот, или овластеното лице во компанијата ќе може во секое време да го следи статусот на барањето, односно во секое време ќе има информација до каде е со решавањето на неговиот предмет. Цениме дека ова е од многу големо значење за сите осигурениците на кои им се дава можност да бидат во тек со процесот на решавање на предметот за боледување. Исто така, ќе ја зголемиме и ефикасноста на контролата, за можност од злоупотреба на боледувања, затоа што нашите контролори ќе ја имаат достапна целата електронска база на податоци, беше истакнато.

За електронското поднесување на надомест на плата овластеното лице од компанијата /осигуреникот треба да биде регистриран на порталот на ФЗОМ и да има овластување од Фондот. Овластувањата за овластените лица на фирмите се на веб страницата каде може да го преземат, поополнат и електронски да се достават во Фондот.

Очекувани бенефиции од користење на порталот електронско барање за боледување се: едноставен начин на доставување документи преку сопствениот компјутер, намалување на метежот на шалтерите на ФЗОМ, информираност на осигурениците, точна и достапна информација за сите боледувања, намалување на хартиената документација

Минатата 2015 година Фондот има исплатено 25.000 граѓани, односно 2,5 милијарди денари.

Најчитани вести