Земјотрес во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 13.10 часот, регистрирала земјотрес чиј епицентар се наоѓа 120 км југоисточно од Скопје.

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во југоисточните делови од Републиката со интензитет од 3-4 степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.