недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 49

Пожар избувна во куќа во Тетово

pozar

Последни вести

Поголема материјална штета, но без човечки жртви е последицата од пожарот што денеска околу 11 часот и 30 минути избувнал во поткровјето и горниот спрат од куќата на семејството Сулејмани на улицата „Ленинска“ во Тетово, информираа од тетовската противпожарна единица, пренесува МИА.

Веднаш интервенирале три возила и 17 пожарникари, а меѓу нив бил и сопственикот на куќата кој бил пожарникар Бесир Сулејмани. За кусо време пожарот бил изгаснат меѓутоа од огнот што најверојатно избил во оџакот веќе бил зафатен покривот и горниот спрат со целата покуќнина.

– Јас и татко ми бевме на работа додека другите четирите мали деца , мајка ми и жена ми беа тука но фала на господ успеаја да излезат, рече Бесир Сулејмани.

Во гасењето на пожарот освен пожарникарите што биле на иста смена со Бесир солидарно се вклучиле и голем број негови колеги од другите смени.

– Материјалната штета е огромна, но среќа во оваа несреќа е што немаме повредени ниту од тие што живееле тука ниту од пожарникарите што учествуваа во гасењето на пожарот. Куќата е на наш колега и ете се случува, пожарот не бира и ете случајно се погоди тој самиот да е на смена кога се појавил пожарот во неговата куќа. Со нашата брза интервенција ги спречивме пламените јазици да се прошират и на другите објекти бидејќи во населбата куќите се многу блиску една до друга, изјави командантот на тетовската противпожарна единица Ука Алити.

Најчитани вести