среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 22

Заев: Ја прифативме методологијата за Избирачкиот список

заев

Поврзани вести

Ја прифативме методологијата за прочистување на Избирачкиот список што ја предложи Државната избoрна комисија, затоа што не сакаме некој да каже дека ние го кочиме процесот.

Ова го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по денешната средба со лидерите на Националната демократска преродба (НДК), Весел Мемеди и претседателот на Движењето за реформи – ДПА, Зијадин Села.

Тој додаде дека имаат заеднички став дека на 24 април нема да има избори.

Вчера владејачката партија официјално достави информација до ДИК дека ја прифаќа методологијата, па и ние го сторивме тоа за да не кажат после дека ние го кочиме процесот и го одолговлекуваме одржувањето на изборите. СДСМ сака брзи избори, но тие мора да бидат фер и демократски, истакна претседателот на СДСМ.

Методологијата, како што појасни, е неопходна за ДИК да може да работи на прочистување на списокот на гласачи.

На новинарско прашање Заев одговори дека не постои можност меѓународната заедница на 20. февруари да излезе со став дека условите за фер избори на 24 април се исполнети затоа што законски нема доволно време да се прочисти списокот.

Според него, потребни се од 85 до 90 дена да се прочисти Избирачкиот списокот за тој да може да биде ставен на увид на гласачите. Во врска со тоа додаде дека доколку изборите бидат на 24 април, тогаш списокот треба да се затвори до 5 март, а дотогаш нема доволно време.

– Се надеваме дека овие услови ќе се исполнат за да може и опозицијата да учествува на избори, истакна претседателот на СДСМ.

 

Најчитани вести