недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 44

Димитриев: Aко се менува законот за медиуми, нека се усвои како некој од ЕУ

Владата смета дека постоечкиот закон е добар, но ако партиите сметаат дека треба промена, тогаш позиција на Владата е дека за неа е прифатлив било кој закон од било која земја-членка на ЕУ.

Димитриев: Aко се менува законот за медиуми, нека се усвои како некој од ЕУ

Димитриев: Aко се менува законот за медиуми, нека се усвои како некој од ЕУ

Поврзани вести

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев денес оствари конструктивни средби со трите новинарски и медиумски здруженија и асоцијации.

Владата ги поддржува сите иницијативи за донесување на кодекси за известување во изборниот период од сите асоцијации и здруженија кои ќе бидат прифатливи за нив.

-Како Влада стоиме на ставот дека постојниот закон за медиуми кој е работен со помош на Европската унија е добар, а ако се одлучи дека треба да има нов закон, тогаш предлагаме усвојување на кој било закон од земјите кои се членки на ЕУ, изјави Димитриев.

Тој додаде дека како Влада ги поддржуваат и иницијативите за изборен кодекс кој кон ќе се придржуваат сите страни за време на изборите.

-Разговаравме и за нивните иницијативи за донесување на разни кодекси за новинарски и медиумски ангажман во текот на изборите. Како Влада ги поддржуваме овие иницијативи и сметаме дека е добро да има кодекс којшто ќе ги дефинира начинот на работа на медиумите, рече Димитриев, додавајќи дека сите три средби поминале во исклучително конструктивна и позитивна атмосфера.

Во однос на законот за медиуми, Владата смета дека постоечкиот закон е добар, но ако партиите сметаат дека треба промена, тогаш позиција на Владата е дека за неа е прифатлив било кој закон од било која земја-членка на ЕУ.

Оваа позиција на Владата за законот е прифатлива за организациите кои се претставници на 75 отсто од македонските новинари.

-Политичките партии бидејќи имаат консултации во делот на она што подразбира медиумска реформа, ние сметаме дека треба доколку веќе се одлучи да се оди на решение за промена на законот, дека треба да биде некое европско решение, а не да се нудат хибридни решенија. Ставот на МАН е дека имаме солиден Закон за медиуми и Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои пред две три години добија зелено светло од ЕУ, рече Слаѓана Димишкова претставник на МАН, по средбата во македонската Влада.

На средбата која ја оцени како конструктивна, таа рече дека станало збор и за потребата во овој период пред спроведување на изборите закажани на 24 април да се оди со еден изборен кодекс, односно кодекс за однесување за време на изборите на сите учесници, не само за медиумите, туку сите кои ќе учествуваат во изборите.

Македонската медиумска асоцијација-ММА која ги претставува петте национални телевизии смета дека нема потреба од менување на постоечкиот закон од медиумската сфера кој е со европско знаменце и е донесен пред 20-тина месеци.

Она што треба да се направи според ММА е да се инкорпорираат во постоечкиот закон нивните предлози кои, пред се, се однесуваат на намалување на казните и на регулирањето на авторските права кај кабелските оператори.

– Од името на петте национални телевизии сметаме дека овој закон е сосема доволен со инкорпорирање на нашите барања кои пред се се однесуваат на намалувањето на драконски високи казни и регулирањето на авторските права кај кабелските оператори, изјави Иван Мирчевски по средбата со премиерот задолжен за спороведување на изборите Емил Димитриев.

Од Владата брифираат дека ги охрабруваат партиите со сериозност да ги земат сугестиите на ММА и да се водат од заложбите за стандардот и слободата во новинарството.

Владата смета дека медиумите и новинарите најдобро знаат што е потребно за нивната професија, но и дека и нивната, како и сите други професии освен права има и одговорност и етички обврски.

Најчитани вести