петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 7

Младите земјоделци од утре може да аплицираат за неповратни 10.000 евра

За оваа владина мерка може да аплицираат сите заинтересирани лица кои до моментот на поднесување на апликацијата немаат навршено 40 години.

Младите земјоделци од утре може да аплицираат за неповратни 10.000 евра

Младите земјоделци од утре може да аплицираат за неповратни 10.000 евра

Поврзани вести

Огласот за владината мерка со која им се помага на младите земјоделци со 10.000 евра неповратни средства ќе биде објавен утре и истиот ќе трае еден месец.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот работен состанок на тема: Разгледување на мерките и инструментите од програмата за рурален развој се интересираше за тоа како течат роковите и дали е се подготвено.

-Поучени од минатата година и поради се поголемиот интерес кај младите да се занимаваат со земјоделие, и оваа година предвидовме износ од околу 1 милион евра за младите земјоделци. Огласот излегува утре, за користење на средства од програмата 2016 година. Ќе аплицираат сите кои ќе имаат бизнис план, програма. За реализација на инвестиција до 10.000 евра неповратни средства е нашата поддршка. Интересот е огромен, заради тоа што лани имаме исплатено околу 45 милиони денари. Интересот беше голем и од 143 апликации, 134 се одобрени, истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

Средствата, објасни тој се исплаќаат по реализацијата на бизнис планот. За оваа мерка може да аплицираат сите заинтересирани лица кои до моментот на поднесување на апликацијата немаат навршено 40 години.

Најчитани вести