Груевски се сретна со потпретседателот и регионалниот директор на ИРИ

Груевски се сретна со потпретседателот и регионалниот директор на ИРИ
Груевски се сретна со потпретседателот и регионалниот директор на ИРИ

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски оствари средба со потпретседателот на ИРИ, Томас Гарет и регионалниот директор на ИРИ за Европа, Јан Сурочак.

На средбата се дискутираше за можните форми на соработка, отвореноста за комуникација и плановите на ИРИ за работа во регионални рамки.

Груевски ги информираше соговорниците за актуелната општествено-политичка ситуација. Тој ја афирмираше заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за организирање на слободни, фер и демократски избори. Toj ја изрази максималната поддршка која ја дава ВМРО-ДПМНЕ на институциите и одговорните субјекти надлежни за изборите во однос на активностите за нивно организирање, на датумот утврден со изборниот закон кој беше прифатен од парламентарните партии.

Груевски ја истакна подготвеноста за соработка со ИРИ во полињата каде што постои взаемен интерес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.