четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 39

„Јаху“ намалува 1.500 работни места

jahu

Поврзани вести

Интернет компанијата „Јаху“ ќе го намали бројот на вработени за 15 отсто, односно за приближно 1.500 работни места.

Поголемиот дел од намалувањата ќе бидат извршени во првото тримесечје од оваа година. Компанијата поставува за цел до крајот на годината да располага со 9.000 службеници со целосно работно време и под 1.000 вработени со половина работно време.

На крајот на септември во „Јаху“ работеа 10.700 службеници со цело работно времо и околу 800 хонорарци.

Компанијата објави дека сака да ги концентрира производите врз три големи платформи – „Јаху срч“, „Јаху мејл“ и „Тумблир“ и врз четири големи теми – вести, спорт, финансии и лајфстајл.

Приоритетни ќе бидат растечки пазари како САД, Канада, Велика Британија, Германија, Хонг Конг и Тајван. Компанијата ќе ги затвори канцелариите во Дубаи, Мексико, Буенос Аирес, Мадрид и Милано.

Најчитани вести