Што е поопасно – марихуана или алкохол?

Што е поопасно - марихуана или алкохол?
Што е поопасно - марихуана или алкохол?

Дебатите за тоа дали треба да се легализира марихуаната за медицински цели се актуелни ширум светот. Една нова студија покажува дека консумацијата на марихуана е 114 пати побезбедна од алкохолот.

Ова меѓународно истражување покажа дека алкохолот е најсмртоносната психоактивна супстанција, барем кога станува збор за ризикот од смрт од преголема доза. Хероинот и кокаинот се втора и трета по ред најсмртоносна супстанција, следува никотинот, екстазите и метамфетамините.

Резултатите покажуваат дека ризиците од консумирање на канабисот се преценети, барем кога станува збор за смртноста“, велат научниците. Од друга страна ризикот од консумирање алкохол е потценет.

Ова не е прва студија која ја истражува штетноста на марихуаната. Светската здравствена организација пред една година спровела слично истражување, а резултатите покажале дека е речиси невозможно предозирање со канабис.

Се проценува дека помеѓу 15 и 70 грама ТХЦ-супстанција која се наоѓа во марихуаната, може да има смртен исход кај човекот. Тоа е значително поголема количина од таа која едно лице би можело да ја внесе консумирајќи марихуана, вели Веј Хол од Светската здравствена организација.

Наспроти резултатите од новата студија, науќниците нагласуваат дека марихуаната никако не би требало да ја консумираат деца и тинејџери, бидејќи е утврдено дека канабисот може да доведе до нарушување во развојот на децата.