вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 55

Дали постојат „машки“ и „женски“ мозок?

Научните истражувања покажуваат дека не постои машки и женски мозок, туку дека мозокот на најголем дел од луѓето поседува карактеристики и на двата пола.

Дали постојат „машки“ и „женски“ мозок?

Дали постојат „машки“ и „женски“ мозок?

Последни вести

Израелски научници спровеле истражување на 1.400 лица, на возраст од 13 и 85 години. Нивниот мозок бил скениран, а стручњаци ја следеле нивната мозочна активност.

Истражувањата покажуваат дека не постои машки и женски мозок, туку дека мозокот на луѓето поседува карактеристика на двата пола.

Утврдено е дека постојат 29 подрачја на мозокот кои се разликуваат, во зависност од тоа дали лицето е машко или женско. Само до осум отсто од луѓето имаат мозок кој содржи исклучиво карактеристики на одреден пол, додека мозокот на најголем дел од луѓето има измешано машки и женски карактеристики.

Веќе долго постои теорија според која мозокот се дели на машки и женски. Таа се заснова на претпоставката дека мозокот почнува забрзано да се развива откако фетусот ќе го развие полот и тогаш мозокот понатаму се развива во зависност од половите хормони.

Новото истражување дава спротивни резулати

Идејата дека човечкиот мозок, сепак, не се дели според полот е нова и контроверзна, но е докажана, потврдуваат и швајцарските научнициод Универзитетот во Берн.

Така е демантирана теоријата дека машките подобро се снаоѓаат во простор од женските!

Сега е јасно дека машките не се ништо подобри ни во математика, како и во останатите природни науки, како што се веруваше до сега.

Најчитани вести