петок, 31 март 2017  |  Вести денес: 0

Камерон ги уверува евроскептиците да го подржат реформскиот договор со ЕУ

Има уште работа што треба да се направи околу деталите на договорот, но се согласивме (со Брисел) дека се потребни нови решенија во четири сектори што Британија ги посочи, а документот покажува дека е направен „вистински напредок, изјави синоќа премиерот Камерон

Камерон: Ако Британија ја напушти ЕУ, може да пристигнат илјадници бегалци

Камерон: Ако Британија ја напушти ЕУ, може да пристигнат илјадници бегалци

Последни вести

Британскиот премиер Дејвид Камерон настојува да ги натера евроскептиците во редовите на неговата Конзервативна партија, да го поддржат реформскиот пакет со ЕУ, што Лондон го обезбеди по неколкумесечните преговри со Брисел, пишува МИА.

Околу нацрт договорот, што вчера го обелодени претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, денеска ќе се одржи дебата во британскиот Парламент.

Камерон веќе изјави дека договорот обезбедува „значајни промени“ што тој ги побара од ЕУ, за да Унијата биде управувана на поинаков начин.

– Има уште работа што треба да се направи околу деталите на договорот, но се согласивме (со Брисел) дека се потребни нови решенија во четири сектори што Британија ги посочи, а документот покажува дека е направен „вистински напредок, изјави синоќа премиерот Камерон, додавајќи дека „вредело да се бори за него“.

Камерон верува дека нацрт-договорот ќе биде поддржан од другите земји членки на Унијата, што ќе овозможи Британија да остане во ЕУ, според новите правила.

– Тоа значи дека Велика Британија ќе има и понатаму пристап до единствениот европски пазар, а во исто време, (како земја членка) ќе остане силен глас на европската политичка маса, но како независна држава, а не како дел од европската супер држава, рече синоќа премиерот Камерон, бранејќи го направениот договор.

Тој и натаму е под притисок на министрите во владата, кои заговараат излегување на Британија од ЕУ, како и од евроскептичните медиуми кои остро го критикуваат неговиот договор со Туск, незадоволни од она што е постигнато, за кое се вели дека е премалку и дека не и обезбедува „сувереност“ на Британија.

Засега само „Фајненшл тајмс“ застана отворено зад договорот, објаснувајќи дека Камерон успеал да обезбеди „разумен дил“ за земјата.

Во секој од секторите каде што Лондон бараше реформи, се успеа да се постигне разуумен напредок.

Најостри критики пристигнаа од лидерот на антиевропската Партија за независност на Обединетото кралство, Најџел Фараж кој договорот на Камерон со ЕУ го означи како „патетичен“ и како безвреден за да се чека на неговото профункционирање.

Најчитани вести