среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Штрајк на медиумските работници во Грција

Утре се очекува Грција да биде целосно парализирана, бидејќи ќе штрајкуваат речиси сите.

Штрајк на медиумските работници во Грција

Штрајк на медиумските работници во Грција

Поврзани вести

Од утрово во 6 часот во Грција започна штрајк на медиумските работници, во знак на протест против измените во Законот за пензиско и здравствено осигурување кои се однесуваат токму на оваа категорија работници.

Според најавите, грчките радио и телевизии нема да емитуваат вести, ниту пак ќе излегуваат весниците.

Кон штрајкот се приклучија и вработените во државната агенција АПЕ, вработените во Генералниот секретаријат за медиуми и прес службите.

Тие бараат Владата итно да ги повлече измените на Законот кои се дел од договорот на Атина со кредиторите.

Веќе две недели штрајкуваат земјоделците во Грција, а за утре е закажан генерален штрајк кон кој ќе се приклучат сите вработени во државниот и приватниот сектор – до бензински пумпи, ресторани и кафулиња, автобуси, возови и таксисти, додека болниците же примаат само итни случаи.

Утре се очекува Грција да биде целосно парализирана, бидејќи ќе штрајкуваат речиси сите. Од вработените во државниот и приватниот сектор, па се до бензинските пумпи, продавниците, пазарите. Дури има најави дека ќе бидат затворени и некои од рестораните и кафулињата. Бродовите, возовите и таксистите нема да сообраќаат, а јавниот превоз во Атина ќе работи само неколку часа. Има измени и откажувања на летови од атинскиот аеродром, а болниците ќе работат само со итни случаи.

Најчитани вести