Македонија

За регулација на медиумите работните групи ќе разговараат утре

За регулација на медиумите работните групи ќе разговараат утре
За регулација на медиумите работните групи ќе разговараат утре

Денеска нема да има работна средба на партиите со белгискиот посредник Питер Ванхауте за реформи во медиумите.

Кабинетот на Ванхауте соопшти дека во текот на денешниот ден политичките партии ќе можат да ги разгледаат предлог-амандманите за Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, изработени врз основа на предлозите на меѓународната заедница од декември 2015 година.

За предложените амандмани, се очекува работните групи да дискутираат утре попладне.