Македонија

Илиоски: СДСМ ги кочи сите позитивни процеси во земјава

Илиоски: СДСМ ги кочи сите позитивни процеси во земјава
Илиоски: СДСМ ги кочи сите позитивни процеси во земјава

Ова е уште еден доказ за деструктивната политика која што СДСМ во изминатиов период ја води во нашата држава. Откако пробаа секакви активности и откако со секакви методи се обидоа да се изборат за предвремени избори, сега кога ги добија, тие бегаат, посочи Зоран Илиоски, заменик-координатор на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Истото се случува и со Законот за оформување на нов универзитет. Сами признаваат дека го блокираат овој закон, а сето тоа во интерес за да не се оформи нов универзитет. Универзитет кој што ќе овозможи нови простори за учење на нашите студенти, универзитет кој што ќе овозможи конкуретност и кој што ќе биде за добробит на Република Македонија.

Со поднесувањето на над 950 амандмани и со самата прес конференција која што пред малку ја држеше Координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Сугарески, јавно признаа дека ги кочат сите позитивни процеси во Република Македонија, истакна тој.