сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 2

Денеска продолжуваат разговорите за регулација на медиумите

За предлогот на СДСМ новинарските здруженија имаат различни ставови, а премиерот Димитриев пред неколку дена изјави дека постоечкиот закон за медиуми е добар, а доколку се менува ќе биде прифатливо само решение со кое се регулира медиумската сфера кое веќе функционира во некоја од земјите во ЕУ.

ванхауте

Поврзани вести

За денеска е најавена средба на работната група на која ќе се разгледува предлог-законот за медиумите. Решението од СДСМ за реформите во медиумите, вчера го доби посредникот Питер Ванхауте и партиите кои преговараат.

За предлогот на СДСМ новинарските здруженија имаат различни ставови, а премиерот Димитриев пред неколку дена изјави дека постоечкиот закон за медиуми е добар, а доколку се менува ќе биде прифатливо само решение со кое се регулира медиумската сфера кое веќе функционира во некоја од земјите во ЕУ.

Македонската асоцијација на новинари (МАН), пак, смета дека решението на посредникот Питер Ванхауте не треба да се прифати, бидејќи, како што рекоа, со „мали финеси“ е идентично со ставовите на СДСМ. „Ние сметаме дека треба, доколку веќе се одлучи, да се оди на решение за промена на законот, дека треба да биде некое европско решение, а не да се нудат хибридни решенија. Ставот на МАН е дека имаме солиден Закон за медиуми и Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои пред две-три години добија зелено светло од ЕУ“, сметаат претставниците на МАН.

ВМРО-ДПМНЕ предлага да се донесе Закон за владино рекламирање. Во однос на МРТ се предлага да се финансира комбинирано, како и досега со радиодифузна такса, а наместо 0,14 отсто од државниот буџет да се одвојуваат 0,17 отсто. Застапеноста на партиите да биде според комбиниран словенечко-германски модел, односно на МРТ да ги има според тоа кој колку гласови освоил на последните избори.

ВМРО-ДПМНЕ предлага во МРТ, 100 дена пред избори, информативната програма да ја водат двајца уредници – еден од власта, еден од опозицијата.

Владејачката партија во однос на Советот на Агенцијата за медиуми предлага во него да има седум члена како и досега, по двајца од ЗНМ и од МАН, а по еден од МАНУ, универзитетите и од Адвокатската комора.

Во овој предлог нема никакво ново решение околу тоа како би се избирале директорите на МРТ и на Агенцијата за медиуми, ниту, пак, околу нивните надлежности.

Владејачката партија бара и намалување на казните за медиумите, а на порталите

Најчитани вести