„Курир“: Медиумите да пишуваат како што Заев и СОРОС ќе диктираат

затвора медиуми. Со членовите на СОРОС и ЗНМ во Советот, СДСМ како никаде во Европа практично се обидува целосно под свое влијание да ги контролира медиумите и да укине било каква слобода на изразување.

Заев со цензорскиот закон во обид да им се одмазди на неговите политички непријатели

Откако пред два месеци на скандалозна прес-конференција Заев изјави дека медиумите се негови најголеми политички непријатели, тогаш е сосема јасно зошто првиот човек на опозицијата сега сака да воведе ваков цензорски, срамен и недемократски Закон за медиуми. Заев на 1-ви декември минатата година изјави дека најгледаните телевизии и најтиражниот дневен весник се политички непријатели на СДСМ.

– Во моментов став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа, Дневник и Македонската Радио Телевизија. Вие не сте наши политички непријатели, вие сте медиуми кои што меѓу другото се финансирате и дел од пари на граѓаните.Тоа се и мои пари и ваши пари и на опозиционери и на поддржувачи на власта. Се бориме за независни медиуми, изјави Заев.

Ваквата закана и отворен притисок кон медиумите, вклучително и кон јавниот сервис предизвика остри реакции во новинарската фела. Со силна реакција се јавија главните уредници на медиумите кои Заев ги смета за непријатели. Уредниците на телевизиите Алфа, Сител, Канал 5, МТВ и весникот Дневник беа згрозени од изјавата на лидерот на СДСМ.

И додека Заев вели дека се борат за независни медиуми, неговото и лицемерието на СДСМ синоќа уште еднаш излезе на површина. Во екот кога СДСМ го предлага овој скандалозен цензорски Закон, првиот човек на СДСМ бесрамно седна на маса со своите, овој пат политички пријатели. На фотографијата која се појави синоќа во медиумите заедно со лидерот на СДСМ можат да се забележат ударните опозициски мегафони и соросови активисти како Бранко Героски, Ацо Кабранов, Мухамед Зекири, Оливера Трајковска, Петрит Сарачини, Борјан Јовановски, Сашка Цветковска, Сеат Ризвановиќ и низа други.

Со истите оние, кои според предлогот на СДСМ се очекува да го имаат главниот збор во новиот цензорски Закон, опозицискиот лидер јавно остварува средби, замајувајќи ја јавноста со секојдневни изјави за непристрасни медиуми.

Тоа се истите оние “објективни и професионални“ новинари и таканаречени граѓански активисти, кои Заев во јавноста сака да ги претстави како независни, но практично преку дел од нив сака да воспостави целосна контрола врз медиумите со Закон кој е вовед во цензура и практично преку неговите политички пријатели со кои седи на иста маса да се пресметка со најголемите политички непријатели на СДСМ, медиумите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.