Церар: Словенија ја поддржува Македонија во справувањето со бегалската криза

Церар: Словенија ја поддржува Македонија во справувањето со бегалската криза
Церар: Словенија ја поддржува Македонија во справувањето со бегалската криза

Словенија целосно ги поддржува напорите на Македонија на јужната граница за справување со бегалската криза и заштитата на границата со Грција за што сведочи и присуството на словенечката полиција на македонско-грчката граница, истакна премиерот на Словенија, Миро Церар на денешната средба со претседателот Иванов, во рамки на учеството на Самитот во Лондон посветен на Сирија и регионот.

Церар потврди дека Словенија е отворена за соработка по сите прашања во врска со бегалската криза и дека словенечките институции се целосно на располагање. Воспоставена е и координација на институциите кои се задолжени со справувањето со мигрантската и бегалска криза.

Македонскиот претседател се заблагодари за отворената поддршка, како и за неодамнешното барање на Миро Церар до претседателот на ЕК, Јункер за европска поддршка за мерките и инструментите што Македонија ги презема за заштита на јужната гранична линија.

Иванов и Церар, јави известувачот на МИА од Лондон, ја истакнаа подготвеноста на Македонија и Словенија за интензивирање на соработката и продолжување на одличната координација на сите нивоа.

Двајцата соговорници разменија мислења за севкупната состојба во Европа и регионот во однос на случувањата со бегалската криза и состојбите во Сирија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.