Нов голем наплив на бегалци во земјава

За само неколку часа на грчко-македонската граница пристигнале близу 10 илјади мигранти. Постојано се појавуваат нови колони мигранти, а како што јавуваат грчките медиуми, не може да се догледа колоната автобуси со кои бегалците организирано се довезуваат на границата.

На границата е тензично, а органите на редот од грчка и од македонска страна мигрантите ги пропуштаат отприлика на секои половина час, по редовните проверки на документите.

Мигрантите се жалат дека долго се чека за влез во Македонија.

Според медиумите, денешниот хаос се должи на штрајкот на грчките морнари, кога беше прекинато превезувањето по морски пат.