Македонија

И Македонија се вклучува во помошта за Сирија и регионот

И Македонија се вклучува во помошта за Сирија и регионот

Главното прашање на Самитот за поддршка на Сирија што се одржува во Лондон е која земја како може да помогне за состојбата во Сирија и во регионот, а ние како земја членка на меѓународната заедница секогаш сме биле солидарни и во рамки на нашите можности преку институциите на ОН се вклучуваме во оваа помош, нагласи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој учествува на Самитот.

– Ние досега како земја ги трпиме последиците од состојбите во Сирија и во регионот и веќе имаме трошоци на кои сме изложени без наша вина. Тоа е на некој начин нашиот удел во овие предизивици кои постојат и се јавуват со настаните на Блискиот исток, изјави Иванов, јави известувачот на МИА од Лондон.

На билатералните средби кои ги имал претседателот Иванов на маргините на Самитот, меѓу кои со британскиот премиер Дејвид Камерон, со премиерот на Словенија Миро Церар, бугарскиот Борис Борисов, како и со грчкиот премиер Алексис Ципрас, сите биле заинтересирани за состојбата на македонско-грчката граница и за тоа дали се менува структурата на лицата кои транзитираат низ регионот.

Лондон конференција Сирија

– Уште мината година потенцирав дека постојат бегалци, но и мигранти кои се обидуваат да им ги одземат правото на бегалците за азил и за подобрар живот. Тоа се повеќе го користат луѓе од Африка и од Азија и се прилагодуваат на бараните критериуми. Ние како земја токму тоа го спроведуваме ги пропуштаме само тие што потекнуваат од Сирија, Ирак и Авганистан, рече Иванов, додавајќи оти во последно време македонските служби известуваат за се поголем број фалсификувани документи кои можат да се добијат на разни начини и да се користат за да се стигне до разни дестинации, пред се Германија. За сознанијата за оваа нова појава, подвелече Иванов, беа известени сите европски институции кои веќе интеревенираат да се спречи таа злоупиотреба.

Според македонскиот претседател, ова е глобален проблем во кој секој треба да даде свој удел за да можеме да се справиме со овие предизвици.

На средбата со Ципрас, било заклучено дека Македонија и Грција како соседни земји, мора да ги градат сите прашања во сферата на доверба меѓу институциите, тие да соработуваат бидејќи, рече Иванов, неопходна е синхрознирана акција на македонската и грчката полиција.