четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 42

Обама: Верата може да помогне против стравот

Во своето излагање на молитвениот појадок, Обама зборуваше за тоа како верата може да помогне во надминување на стравот што може да поттикне себични импулси, кои потоа можат да ги нарушат врските во заедницата,

barak-obama-640x294

Последни вести

Во Вашингтон се одржа традиционалниот Национален молитвен појадок, на кој  американскиот претседател Барак Обама изјави дека религијата може да им помогне на луѓето да ги надминат стравовите и дека нему му помогнала во извршувањето на работата.

Во своето излагање на молитвениот појадок, Обама зборуваше за тоа како верата може да помогне во надминување на стравот што може да поттикне себични импулси, кои потоа можат да ги нарушат врските во заедницата, пренесува Танјуг.

– Тоа е примарна емоција, страв, нешто што сите можеме да го искусиме. И може да биде заразен и да се шири низ општеството и нацијата. Доколку дозволиме да не обземе, последиците од стравот можат да бидат полоши отколку било каква закана однадвор, рече Обама, пренесе „Гласот на Америка“.

Претседателот присуствуваше на молитвениот појадок само еден ден по посетата на џамија во Балтимор, во државата Мериленд, што беше прва таква посета од кога стапи на должноста претседател.

Обама во таа прилика нагласи дека и муслиманите извршуваат должност во полицијата, разузнавачките служби и војската и дека прават напори за САД да бидат безбедна земја, пренесоа светските агенции.

– Антимуслиманската реторика во САД никогаш нема да биде добредојдена, рече американскиот претседател.

 

Најчитани вести