Поради долгови затворен „Карфур“ во Сити Мол?!

Поради долгови затворен „Карфур“ во Сити Мол?!
Поради долгови затворен „Карфур“ во Сити Мол?!

Супер маркетот„Карфур“ во Скопје Сити Мол, по само три години постоење е затворен. Веќе подоллго време во медиумите се шпекулираше дека маркетот има милионски долгови кон македонските фирми, за што алармираа и од Стопанската комора. Затворањето многи очигедно се наѕираше месеци наназат, првично поради празните рафтови и се помалку производи кои им се нудеа на клиентите.

Порталот „Фактор“ пишува дека Комерцијална банка ја активирала хипотеката на кредитот што компанијата го имала земено во оваа банка, откако подолго време не биле измирувани обврските кон банката.

Фото: Фактор
Фото: Фактор

Хипермаркетот во трговскиот центар „Сити мол“ се простираше на површина од 4.650 квадратни метри и е беше од најголемите во земјата.

Сопственик на маркетот во Македонија како што јавуваа медиумите беше грчката компанија „Маринопулос“ која ги купи Карфур маркетите во Грција, откако оваа француска фирма реши да го повлече својот бизнис од Грција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.