петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Електрични возила за чистење на скопските улици и плоштади

Сите jавни претпријатие во Скопје за 2016 година имаат буџетирано средства за набака на електромопеди и електрични велосипеди.

Електрични возила за чистење на скопските улици и плоштади

Електрични возила за чистење на скопските улици и плоштади

Последни вести

Четири нови електрични возила за чистење и полирање на плоштадите и улиците во Скопје денеска беа промовирани на полоштадот „Македонија“.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека јавното претпријате „Комунална хигиена“ е едно од првите претпријатија кое најсериозно се зафати со оваа проблематика за миење и чистење на улиците.

– Денеска промовираме две возила за хигиена на плоштадот „Македонија“ кои покрај тоа што го мијат и го полираат мермерот. Третото возило е за одржувањето на хигиената на улиците, кое покрај плоштадот ќе работи и на улицата „Македонија“, а четвртото е за празнење на отпадот од возилата за хигиена, појасни Трајановски.

Градоначалникот информира дека секое jавно претпријатие во Скопје за 2016 година има буџетирано средства за набака на електромопеди и електрични велосипеди.

Според директорот на Комунална хигиена Ракип Дочи, дневното полнењето на батериите на возилата ќе чини од две до три евра.

Вредноста на возилата е 13.5 милиони денари, а од „Комунална хигиена“ информираат дека за оваа година имаат порачано уште три електромопеди за администрација и службите на претпријатието.

Најчитани вести