Крими хроника

Инцидент на Клиника: Не сакал да плати за паркинг, па го избодел со нож

Инцидент на Клиника: Не сакал да плати за паркинг, па го избодел со нож

Вработен на паркингот на Скопската клиника, утрово бил физички нападнат и тешко повреден од непознат сторител по кој засега сеуште трага полицијата. Инцидентот се случил во 10 часот, а причина, како што соопшија од полицијата бил револтот на напаѓачот кој не сакал да плати за паркингот.

Очевидци за „Нетпрес“ велат дека напаѓачот извадил нож и го избодел 25-годишниот П.В. кој веднаш бил пренесен во болница. Сепак, оваа информација засега не ја потврдија од полицијата.