Зошто Американците се откажуваат од државјанството?

Зошто Американците се откажуваат од државјанството?
Зошто Американците се откажуваат од државјанството?

Според официјалните владини податоци од 2015година што ги објави „Си-Ен-Ен“, се забележуватренд на отфрлање на американското државјанство.

Според таа анализа, ниматата година, од американскиот пасош се откажале 20 отсто повеќе луѓе, во споредба со една година претходно, 4.279. Ова е безначајна бројка во однос на повеќе од 300 милиони жители, но трендот се смета за значаен. Многумина од ониие кои се откажувааат од држвјанството живеат во странство и не сакаат повеќе да се малтретираат со комплицирани даночни процедури, кои новите закони дополнително ги отежнале. Во споредба со 2008 година, од државјанство се откажале 15 пати повеќе луѓе, а 2015. била трета рекордна.

Растечка бирократија и драконски казни

За разлика од повеќето други земји, САД ги оданочува сите приходи на граѓаните, без разлика каде тие жвеат и од каде доаѓаат приходите. За Американците кои живеат во странство тоа значи купишта документи, кои се толку комплицирани, што често луѓето мораат да плаќаат професионална помош и дел од приходот што нема да го земе државата, го префрлаат на адвокати и сметководители.

Американските државјани мораат да пријават и депозити на странски сметки поголеми од 10.000 долри.

Закони за плаќање на американските даноци од странство се воведени во 2010 година, најмногу поради компаниите кои изнесувале капитал и ги селеле седиштата од Америка, со што државата губела милијарди долари даночни приходи и откако швајцарските банки признаа дека им помагале на американски клиенти во извлекување на капиталот на офшор сметки.

Од друга страна, американските закони ја предвидуваат можноста на отфрлање на државјанства за да не се плаќа данок и таквите случаи се незаконски. Тие кои ќе поднесат барање за отфрлање на државјанството остануваат на радар на даночниците додека нивното барање не се одобри.