петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 53

Таксистите и приватни автобуси ќе го блокираат ГП „Богородица“

Tаксистите и приватните автобуски превозници од Гевгелија бараат да бидат вклучени во превозот на мигрантите според неодамна постигнатиот договор,

Таксистите и приватни автобуси ќе го блокираат ГП „Богородица“

Таксистите и приватни автобуси ќе го блокираат ГП „Богородица“

Последни вести

Граничниот премин „Богородица“ денеска два часа ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки поради протестот на таксистите и приватните автобуски превозници од општина Гевгелија кои бараат да бидат вклучени во превозот на мигрантите според неодамна постигнатиот договор, информира утрово Миле Ангелов, претседател на здружението на такси превозниците.

– Бидејќи изминативе два дена нема ништо од договорот за рамноправен превоз на мигрантите со МЖ, односно такси возилата и автобусите да возат дење, а возот ноќе, како што беше договорено на состанокот на Координативното тело за справување со кризи, одлучивме преминот да го блокираме денеска од 10 до 12 часот и тоа да го правиме секој нареден ден додека не профункционира договорот, рече Ангелов.

Дали и во наредниве денови таксистите ќе ги блокираат и влезовите на градот ќе се одлучува дополнително, велат таксистите кои сметаат дека МЖ не може да држи монопол во превозот на мигрантите.

Најчитани вести