Лавров: Влегувањето на Црна Гора во НАТО е вештачка одлука

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјавил дека влегувањето на Црна Гора во НАТО е „вештачка одлука“.

Според него, фактот што НАТО „безобзирно“ се шири на Исток, зборува за целосно игнорирање на обврските кои ги има преземено оваа организација при распадот на Советскиот Сојуз.

„Ние беввме убедени како и сите кои мислеа дека тоа е вештачка одлука. Тоа нема да им донесе поголема безбедност на членките на НАТО. Објаснувањата дека тоа го сака црногорскиот народ се кршаат околу аргументот: ако е тоа така, тогаш зошто не се одржи референдум“, вели Лавров, посочувајчи дека Црна Гора категорично не сака референдум.

„Знае дека, најверојатно, народот кој НАТО го бомбардираше пред неколку децении тоа го нема заборавено, и дека нема со ентузијазам да се прифати идејата многу нешта да се заборават со влегувањето во НАТО“, додава Лавров.

Работата не во Црна Гора. Работата е во тоа како НАТО се однесува кон развојот на односиете не само со Русија, туку и во осигурувањето на глобалнта безбедност. НАТО одговара за својата територија, и како што е запишано во Вашингтонскиот договор, обезбедува колективна одбрана. Тогаш седите мирно во своите граници, вели Лавров

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.