„Егзит“ прогласен за најдобар европски фестивал

Фестивалот “Егзит” кој се одржува на Петроварадинската тврдина кај Нови Сад, е прогласен за најдобар европски фестивал за 2016 година од страна на европската туристичка организација “Најдобри европски дестинации”, која ова признание го доделува во соработка со Европската комисија.

„Егзит“ ги претрка фестивалите „Сикрет гарден“ од Англија, „Тумороуленд“ од Белгија, унгарскиот „Сигет“.
„Најдобри европски дестинации” е организација за промоција на европската култура и туризам, чие членство го сочинуваат 355 туристички организации од Европа.