Доживотна затворска казна за Алмир Дрпљанин

Доживотна затворска казна за Алмир Дрпљанин
Доживотна затворска казна за Алмир Дрпљанин
Доживотна казна затвор за Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи, oдреди денеска Кривичниот суд. На Дрпљанин му беше судено во отсуство, но по неговата екстрадиција од Косово во јануари 2015 година, предметот беше повторно вратен во суд.

Дрпљанин е еден од тројцата учесници во заседата за „Алфите“ кај Природно-математичкиот факултет во ноември 2008 година, кога животот го загуби Арифи, а двајца негови колеги беа тешко повредени.

Тој беше уапсен во јули 2012 година во Урошевац а при апсењето косовската полиција најде арсенал оружје и муниција. Според косовските медиуми во станот биле најдени  во кој биле пронајдени две автоматски пушки  „калашников” со 300 куршуми, една снајперска пушка со 36 куршуми, три пиштоли со 150 куршуми, седум рачни гранати, три црни униформи, шест војнички елеци и големо количество златен накит кој е украден во грабеж на златара во Македонија.

Дрпљанин важеше за еден од најбараните криминалци, и се оврзува со убиство заради крвна одмазда во Визбегово пред повеќе години. Дрпљанин покрај за ова убиство беше осомничен и за грабежот на Прокредит банка, за ограбувањето на возилото на Комерцијална банка при што беше убиено едно лице и за возилото на Македонски пошти во Чаир.