Анкета „Брима Галуп“: ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од двојна предност пред СДСМ

Реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, „Брима Галуп“ која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт, спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.

ps1-chart-37

Овие резултати се кај македонското гласачко тело, но таквата двојна разлика се пресликува и доколку се земе во предвид целосната етничка структура на населението во Република Македонија, односно 25.7% за ВМРО-ДПМНЕ према 13.4% за СДСМ.

1-chart-37

Речиси 5 пати повеќе, односно 56.6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а само 12.4% сметаат дека тоа е СДСМ.

ps2-chart-39

2-chart-39

Дури 47.6% сметаат дека СДСМ се плаши од предвремени парламентарни избори, што може да се доведе во корелација со нивното одбивање да учествуваат на изборите на 24 април. Само 16% сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

ps3-chart-40

3-chart-40

Кога станува збор за перцепциите, точно пет пати повеќе сметаат дека генерално ВМРО-ДПМНЕ има поголема поддршка од граѓаните и дека ќе победи на изборите, односно 65.1%, за разлика од само 13% кој сметаат дека СДСМ има поголема поддршка.

ps4-chart-41

4-chart-41

Според граѓаните убедливо ВМРО-ДПМНЕ е партијата со која државава економски и политички ќе оди напред. Дури 50,8% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ економски ќе ја води подобро државата напред, односно 50,7% од граѓаните сметаат дека со ВМРО-ДПМНЕ државата ќе оди напред и на политички план, наспроти, 20,1% кој сметаат дека тоа е СДСМ во поглед на економијата односно 21,3% дека државата ќе оди напред со СДСМ на политички план.

ps5-chart-49

5-chart-49

ps6-chart-50

6-chart-50

Убедливо, двојно повеќе односно 53.6% од граѓаните сметаат дека опозицијата доколку би ја превземала власта би била понедемократска,  за разлика од 26.3% кои сметаат дека би била подемократска.

ps7-chart-35

7-chart-35

Дури 55.2% од граѓаните сметаат дека политиките на опозицијата се деструктивни, за разлика од само 28.6% кои не се согласуваат со тоа, наспроти, убедливото мнозинство од 50.4% кои сметаат дека политиката на власта е конструктивна, односно 33.9% кои не се согласуваат со тоа.

ps8-chart-12

8-chart-12

ps9-chart-13

9-chart-13

Повеќе од двојно односно 29.7% од граѓаните сметаат дека меѓународниот фактор е повеќе наклонет спрема ВМРО-ДПМНЕ, односно 13.9% кои сметаат дека тоа е СДСМ.

ps10-chart-53

10-chart-53

Маргина на грешка е ± 3 проценти на ниво на доверба 95 проценти.