Листа на овошје и зеленчук со најмалку и најмногу отрови во себе…

Листа на овошје и зеленчук со најмалку и најмногу отрови во себе...
Листа на овошје и зеленчук со најмалку и најмногу отрови во себе...

Секоја година светската организација која работи под името „Environmental Working Group“ (EWG) објавува листа на зеленчук и овошје што во себе содржи најмалку и најмногу пестициди.

Веќе 50 години на врвот од оваа листа намирници кои содржат најмногу пестициди се јаболката, бидејќи обично се прскаат пред и после бербата за подолго да останат свежи.

Веќе втора година на чело на листата „најчисти“ намирници е авокадото.

Компирот содржи најмногу пестициди во однос на својта тежна, кај просечна пиперка бабура најдено е дури 15 различни видови на пестициди вон сезона. Праските, грашокот ијаболката содржат околу 13 ралични видови пестициди.

Листа на „најпрскано“ овошје и зеленчук:

1. Јаболка

     2. Праски

     3. Кајсии

     4. Јагоди

     5. Грозје

     6. Целер

     7. Спанаќ

     8. Пиперки бабури

     9. Краставици

   10. Шери домати

   11. Грашок

   12. Компир

Листа на „најчисто“ овошје и зеленчук:

1. Авокадо

     2. Пченка

     3. Ананас

     4. Зелка

     5. Грашок (замрзнат)

     6. Црвен кромид

     7. Шпаргли

     8. Манго

     9. Папаја

   10. Киви

   11. Модар патлиџан

   12. Грејпфрут

   13. Диња

   14. Карфиол

   15. Сладок компир

Сите намирници кои ги купуваме вон сеона треба да се избегнуваат и затоа заборавете на полнети пиперки и свежа салата од домати и краставици сред зима.