Пад на цената на американската сирова нафта

Американската сирова нафта падна на 27 долари за барел, после настојувањата на презаситениот пазар да се избори со високите залихи во САД и зголемено производство на ОПЕК.

До падот дошло и покрај тоа што вчерашниот извештај на американското Министерство за енергетика покажало намалување на залихите на „црното злато“ во САД за околу 800 000 барели во неделата заклучно со 5 февруари, бидејќи трговците сметаат дека тие залихи и понатаму се на високо ниво, што инаку би влијаело стимулативно на растот на цените, известува Франс прес.

Американската „лесна“ нафта WTI за испораки во март паднала за 40 центи , или 1,46 одсто на 27,5 долари, а во текот на трговскиот ден цените во еден момент паднале дури на 26,85 долари за барел. Европската сирова нафта „брент“ за априлските испораки се лизна 14 центи, или 0,45 проценти на 30,70 долари за барел.

 

 

Извештајот на ОПЕК следи после тмурните прогнози на Меѓународната агенција за енергија, објавен во петокот, во кој се предвидува вишокот нафта на глобалниот пазар во првата половина на 2016 да биде поголем отколку што порано се очекуваше, наведува Франс прес.

Доколку состојбата остане ваква, идниот понеделник може да се очекува намалување на цените меѓу 1 и 2 денари по литар.