Украдени 30 пловидбени знаци од Охридското езеро

Украдени 30 пловидбени знаци од Охридското езеро
Украдени 30 пловидбени знаци од Охридското езеро
Укрдени се триесет пловидбени знаци, за регулирање на езерската пловидба на Охридското езеро, што минатата сезона ги постави министерството за транспорт и врски. Направена е 2000 евра штета, а доведена е во прашање безбедноста во водениот сообраќај, објави ТВ Канал 5.
– Станува збор за една дрска кражба поготово на предмети кои придонесуваат за зголемување на безбедноста. Се работи за пловидбени знаци кои некому некогаш со самата нивна содржина ќе спасат живот. Апелираме тоа да не биде  појава која сериски ќе се повторува , вели Горан Устијаноски капетан на капетанија на пристаништа.
Знаците се изработени од алуминиум и можат единствено да се продадат како отпад, затоа од охридската капетанија апелираат до откупувачите на метал да бидат внимателни  и да пријават.
-Самиот знак не може да се користи за ништо друго единствено може да се фрли во отпад и апелираме до сопствениците на со трговија на секундарни материјали да внимаваат, односно доколку добијат нешто што асоцира на пловидбен знак да алармираат во полиција, додава Устијансоки.
Капетанијата на пристаништа на РМ ќе ги обнови пловидбените знаци бидејќи без нив е загрозена безбедноста на езерската пловидба.