Снег на Шапка и Стража

Снег на Шапка и Стража
Снег на Шапка и Стража
Слаб снег провејува на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража, додека во Дебар врне слаб дожд.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива  без забрани и застои, по влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија.

Според информација добиена од МВР, денеска од 8 до 22 часот во целосен прекин е сообраќајот при влез и излез од Грција на граничниот премин Меџитлија поради штрајк на грчките земјоделци.           

Утрово од 10:10 часот од страна на такси возила  и автобуси , целосно е блокиран сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ на влез-излез од Македонија на  дел од автопатот Гевгелија- ГП„Богородица“, во близина  на бензиска пумпа „Шимов“. Истиот неофицијално ќе трае околу 2 часа, стои во соопштението на АМСМ.