Турција не прифаќа враќање на 250.000 бегалци од ЕУ

Турција не прифаќа враќање на 250.000 бегалци од ЕУ
Турција не прифаќа враќање на 250.000 бегалци од ЕУ

Турција го одби холандскиот предлог за враќање на 250.000 бегалци од земјите на ЕУ во замена за либерализирање на визниот режим на Европската Унија за турските граѓани..

Холандија, која во моментов претседава со Европската Унија, го дала предлогот, но турскиот амбасадор во ЕУ Селим Јенел за британскиот весник „Грдијан“ изјави дека тоа нема да функционира.

„Заборавете го тоа. Тоа е неприфатливо, а не е ни остварливо“, кажа тој, со многу сличен тон со кој на истата тема зборувал турскиот премиер Ахмет Давутоглу при посетата на Хаг.

„Сметам дека е дволично некои гругови на Турција да ѝ кажуваат да ги „отвори границите“, а во исто време не се во состојба да ѝ кажат на Русија „доста““, кажал Давутоглу, мислејќи на неодамнешните повици од ЕУ кон Турција да ги прифати бегалците кои бегаат од нападите на руските борбени авиони на северот на Сирија.

ЕУ преговара за укинување на визните ограничувања на турските државјани до октомври и сака да почне да ги враќа назад лицата на кои не им е одобрен азил, а кои минатата година минале преку Турција.