Исчистен е одронот на патниот правец Маврово – Дебар

Исчистен е одронот на патниот правец Маврово - Дебар
Исчистен е одронот на патниот правец Маврово - Дебар

За кратко време беше исчистен одронот на патниот правец Маврово-Дебар и сообраќајот е нормализиран.

АМСМ околу 9 часот соопшти дека има одрон на патниот правец Маврово – Дебар кај месноста Ростушка кривина. Патниот правец беше во моментален прекин во двата правца.

Инаку, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Магла со видливост од 50 – 100 метри има кај Страцин, Сарамзалино, Павлешенци, Велес, Неготино и Петровец.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.